петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Вагата сама си создава грижи, Јарецот да ја слуша интуицијата

Вагата сама си создава грижи, Јарецот да ја слуша интуицијата

ОВЕН

Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека е област во која не сте се испробале, ќе ве лансира во голем предизвик. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не лечи затоа што не си безгрешен.

БИК

Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со мажи. Во љубовта не двоумете се, вистинско време е да заземете цврст став.

БЛИЗНАЦИ

Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горди. Вашиот удел е голем, а како награда очекувате материјален профит. Без оглед на вашите вистински заслуги, бидете подготвени дека финансиската добивка нема да биде сразмерна со вложениот труд.

РАК

Ненадејниот пад на енергијата ве воведува во нервоза и напнатост. Отворените конфликти на работа можат да ве исфрлат од колосек. Работната средина во која се наоѓате е полна со негативен набој, па најдобро би било да се повлечете и малку да се одморите.

ЛАВ

Ви претстојат состаноци и разговори од кои можеби очекувате премногу. Отвореното спротивставување на луѓето кои се над вас во хиерархијата може дополнително да ги искомплицира веќе затегнатите односи кои не можете сами да ги решите.

ДЕВИЦА

Долго време се спротивставувавте на импровизации и ги туркавте своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најнеповолно, мора да го прифатите. Мора да ја преземете вината за новонастанатата ситуација, бидејќи со својот негативен став предизвикавте инает кај претпоставените.

ВАГА

Вие сте оптоварени со грижи што самите ги создавате. Се обидувате да предвидите решение за проблемите кои сè уште не се ни појавиле. Вашето однесување може да ви наштети ако не се разбудите на време и не ја одделите реалноста од она што сте го измислиле.

ШКОРПИЈА

Самодовербата и арогантниот однос ја иритираат околината која извесно време е трпелива со сите гафови што сте ги направиле. Доколку не се извлечете, на крајот од денот може да доживеете многу непријатна ситуација од која нема лесно да се извлечете.

СТРЕЛЕЦ

Успешни сте и претприемнички, а некои проблеми се чини дека сами се решаваат. Нешто се случува поинаку од она на што сте навикнати во изминатиот период. Бидете отворени за се бидејќи ве очекуваат нови проекти и сосема нови познанства.

ЈАРЕЦ

Добивате покана да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашата околина. Од вас се очекува да бидете пионер во почетоците на нов вид на бизнис и поради некоја причина чувствувате дека тоа не е за вас. Слушајте ја вашата интуиција, повлечете се.

ВОДОЛИЈА

Целосно сте посветени на деловните активности. Ви претстојат интензивни настани и на професионален и на финансиски план. Ве очекува одлична можност која пристигнува во форма на понуда за соработка со луѓе за кои мислевте дека се недостижни.

РИБИ

Ве мачат стравови. Го организирате животот на начин кој само вам ви е јасен, а тоа ве изложува на критики од другите. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори, а без тоа нема друг начин да се оправдате. Бидете потолерантни.