понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Водолијата да биде внимателна, Овенот не е расположен за емотивни контакти

Водолијата да биде внимателна, Овенот не е расположен за емотивни контакти

ОВЕН

Колку и да сакате некои работи да ги решите на лесен начин, очигледно ви се наметнуваат тешки ситуации, другите луѓе да ја истеруваат својата волја, а амосферата на работа е напната и нервозна. Нема да бидете расположени за емотивни контакти, само за одморање.

БИК

Сигурно е да имате право за некои работи, но не умеете да бидете дипломатски настроени и суптилни, па на луѓето околу вас не им се допаѓа вашиот настап и тоа што се обидувате да го наметнете. Бидете малку внимателни во контактите со луѓето, особено со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

По се изгледа дека ќе мора да го одложите она што сте го планирале. Ако е во прашање патување, прашање е дали ќе се реализира. Генерално малку грешки, малку проблеми, малку нервози. Барем со партнерот односот е во ред.

РАК

Многу сте свесни што би било најдобро да направите во некои комплицирани ситуации, но проблемот е што не ви се отвора шанса за тоа. Околностите ве влечат далеку од решенија. Саканата личност има добри идеи за излегување.

ЛАВ

Пробајте да ги фатите „конците“ на случувањата. Ништо не оди како што сте планирале, наидувате на проблем и со луѓето и со околностите. Ќе ви треба лавовска сила и енергија за успешно да испливате од сето ова. Добар контакт имате со пријателите.

ДЕВИЦА

Несогласувања и недоумици. Еден куп непријатни ситуации и вашето тешко снаоѓање ја прават ситуацијата уште посложена. Сфаќате дека во некои работи сте премногу забавени и дека не реагирате на вистински начин. Партнерот пробува да ве расположи, но тешко оди.

ВАГА

Многу непријатна ситуација со некои од колегите или соработниците. Нема да е проблем се што имате да кажете, но другата страна е мноту тврдокорна и тера само по свое. Односот со саканата личност функционира нормално.

ШКОРПИЈА

Денеска е нагласен ривалитетот и кај вас и кај луѓето со кои доаѓате во контакт, а сето ова ќе произведе доста негативна енергија која ќе се врти во вашето опкружување. Потребно ви е да ја видите саканата личност, и така да излезете од летаргија.

СТРЕЛЕЦ

Добро размислите какви предлози за решенија давате на другите, затоа што некој може да ви префрли дека сте му дале погрешен совет. Трудете се да помогнете во техничките детали, и во другите работи не се мешајте. Партнерот мисли дека нешто криете.

ЈАРЕЦ

Овој пат навистина нема да дозволите една напорна личност да ви ги ремети плановите. Навистина не сакате личности кои се силни само на зборови. Можна расправија, партнерот и вие сте дистанцирани еден од друг.

ВОДОЛИЈА

Бидете внимателни затао што денот е создаден за правење на погрешен чекор. Можеби најдобро е да се повлечете и да размислите. Емотивниот партнеро денеска може да ви префрли за вашето однесување. Воопшто не ви е јасно за што зборува.

РИБИ

Напнат ден пред вам. Првата ситуација ќе се случи веднаш наутро, па бидете внимателни уште од почеток на денот. Не дозволувајте другите да ве користат, а тоа денеска може да биде случај. Некој кој е многу приврзан за вас пробува да ве анимира и да почне приказна.