ОВЕН
Денес би можеле да го промените мислењето за една работа што ви е многу важна лично. Негативното расположение ќе стивне, но бидете внимателни и не ги игнорирајте информациите што сте ги добиле. Можеби сте биле премногу строги во една ситуација и тоа може да ви „вреди“. Главно добро здравје.
БИК
Држете се цврсто на вашиот став и мислење што веќе сте го искажале, иако знаете дека не сте во право и дека некој многу важен во вашиот живот може да настрада поради тоа. Најдете баланс помеѓу работата и семејниот живот. Не го игнорирајте партнерот и неговите проблеми и сомнежи. Ви претстојат пријатни деловни разговори доколку се занимавате со трговија. Респираторни проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Работите може да се изгубат во преводот по втор или трет пат кога ќе ги слушнете, па затоа внимавајте што постојано ви кажува некоја личност.Во незавидна положба сте кога е љубовта во прашање. Особено оние кои не се однесувале со почит кон партнерот. Прифаќате нови обврски без разлика што веќе сте „оптоварени“. Пороците се ваш проблем.
РАК
Непријатните прашања со некој ваш близок можат да бидат тема на разговор и треба да се однесувате со нив многу внимателно. Се преценивте себеси и го потценивте партнерот. Зауздајте го егото на време. Пазете се од настинки.
ЛАВ
Некој би можел да ви предложи профитабилна идеја, но немојте така да скокате во неа, додека не го проверите и најмалиот детал. Држете го вашиот љубовен живот подалеку од оние кои бараат премногу. Постои можност некој да сака да ви наштети. Непланираните настани само на кратко ви го нарушуваат мирот. Потребен ви е поквалитетен сон.
ДЕВИЦА
Денеска ќе можете да ги препознаете вистинските можности и да знаете како да ги искористите. Бидете темелни во сè што правите. Можно е да ви недостига некоја личност од минатото или сегашноста да не е идеална за вас, па се враќате назад. Не правете го тоа! Ве очекува фаза која не е претерано поволна за вашиот бизнис. Не притискајте се.
ВАГА
Вашето расположение може да биде променливо, но погрижете се да не го истурате бесот на невините бидејќи често го правите тоа. Пред вас е фаза на емотивни предизвици и осцилации. Обидете се да ја одржите врската стабилна и да дознаете што му пречи на вашиот партнер. Имате проблем со концентрацијата. Намален имунитет.
ШКОРПИЈА
Некој ве фасцинира со својот интелект или премногу се труди да ве фасцинира. Следете ја ситуацијата малку повнимателно. Имате максимална доверба во саканата личност со која сте поминале низ различни животни ситуации, но на моменти сепак чувствувате љубомора. Ништо не оди како што очекувавте, но тоа не значи дека е лошо. Само малку трпение. Поволен период за слабеење.
СТРЕЛЕЦ
Нема да можете да најдете заеднички јазик со вашата непосредна околина, но тоа нема да ви пречи бидејќи сè уште имате желба да „бегате“ од сите. Нова љубов ќе ви дојде кога ќе се промените. Недоразбирање со колегите.Дигестивни проблеми.
ЈАРЕЦ
Доколку соработувате со странски земји, денес ќе бидете особено успешни. Грижете се за соработниците на кои не им верувате. Романтика преку работа. Имате многу деловни обврски, подобро организирајте се. Потребна ви е поголема физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Вашиот внатрешен немир нема да се реши со посегнување по храна секогаш кога ќе се чувствувате нервозни. Може да очекувате интересна средба, но ништо повеќе од тоа. Потпрете се на вашиот инстинкт. Се чувствуваш добро.
РИБИ
Некој ваш близок погрешно протолкувал некои информации и сега се претвори во нешто сосема друго…Може да бидете толку привлечени од некој што сакате да стапите во тајна врска. Ниту една деловна задача нема да ви биде проблем. Осцилации на притисокот.