петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

По короната доаѓа нова сексуално пренослива болест – се шири орално, вагинално и анално, отпорна е на досегашните лекови

По короната доаѓа нова сексуално пренослива болест – се шири орално, вагинално и анално, отпорна е на досегашните лекови

Нова болест се заканува да се рашири во Европа и повторно се работи за мутант, но нема врска со најпознатиот вирус. Тоа е сексуално пренослива болест која е отпорна на лекови од обичната, а научниците ја именуваа „супергонореја“.

Според информациите, во Велика Британија се потврдени два нови случаи на ова модификувано заболување, а се работи за пар во средина на дваесеттите години. Досега супергонореја е дијагностицирана кај вкупно четири лица.

Ова е инфекција која се пренесува преку полов однос, а ја предизвикува бактеријата „Neisseria gonorrhoeae“. Можноста за инфекција е подеднакво застапена кај двата пола и најчесто се пренесува преку вагинален, орален и анален сексуален однос.

Овој супермутиран обилик е отпорен на досега ефикасните лекови против полови болести, на антибиотикот „цефтриаксон“ и се заканува да се рашири низ Европа.

Д-р Кати Синка предупреди на опасност од ширење на оваа болест.

– После неколку години без ниту еден случај на тежок облик на гонореја, сега имаме четири случаи за два месеца. Прерано е да кажеме дали тоа ќе биде почеток на нова епидемија, но знаеме дека сексуално преносливите болести се во пораст. Важно е сите да знаат дека лекувањето кај половите инфекции не е едноставно како кај другите – земате апче и продолжувате со животот. Ако не се лекувате правилно, болеста долгорочно ќе влијае на вашето здравје – рече д-р Кати која е специалист за полово преносливи болести.

Гонорејата е најчесто симптоматска, но не значи дека инфицираното лице не може да ја пренесе бактеријата на други. Жените најчесто немаат никакви симптоми на почетокот, но ако се јават, знаат да бидат поблаги, а тоа се: болка и пецкање при мокрење, зголемен вагинален секрет, вонменструалено крварење, крварење после сексуален однос и болка во долниот дел на стомакот.

Кај машките инфекцијата може да биде и асимптоматска, а ако се јават симптоми, тоа најчесто ќе бидат бол и пецкање при мокрење, гноен секрет од пенисот и болни или подуени тестиси. Симптомите на гонореја може да се јават и на ректумот.