четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Астрономите забележале монструозна и невидена експлозија во вселената

Астрономите забележале монструозна и невидена експлозија во вселената

Експлозијата која се случила во галаксија оддалечена 180 милиони светлосни години, го доведува во прашање нашето разбирање за начинот на кој ѕвездите умираат, а изгледа дека претставува најрамната експлозија од ваков вид досега забележана, пишува „Science Alert“.

Монументалната експлозија, наречена AT2018cow, припаѓала на исклучително ретка класа на космички експлозии познати како брзи сини оптички транзиенти или FBOT.

Меѓутоа, за разлика од другите четири FBOT откриени до денес, изгледа дека AT2018cow од некоја причина само експлодирала странично.

Резултатот е ерупција која нема форма на сфера, како што би можеле да очекуваме од експлозијата на топчест објект како ѕвезда, туку повеќе во облик на диск.

А тој детал особено ги изненадил астрономите.