четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Bugatti откри нови детали за најекстремниот автомобил во светот

Bugatti откри нови детали за најекстремниот автомобил во светот

Доволно е да се каже дека кога Chiron ќе се повлече, на сцена ќе настапи Bolide.

Станува збор за автомобил кој ќе достигне 500 км/час за помалку од половина минута (се споменуваа 20 секунди), а почетната цена од 4 милиони евра.

Иако нема дозвола да се вози на јавни патишта, тоа не е тешка задача бидејќи без проблем ќе се најдат доброволци за планираните 40 примероци.

Иако беше претставен уште во 2021 година, сепак нема конечна верзија. Развојот продолжува, а Bugatti сега открива некои нови детали поткрепени со фотографии. Велат дека влегуваат во нова фаза на тестови, а нам ни останува да бараме новости.

Нема сомнеж дека спојлерот е редизајниран, а голема е веројатноста дека се работело и на други детали. Целта останува иста, а тоа е да се распределат 1.600 КС од моторот W16 на околу 1.450 кг маса и потоа да се симнат по патеката со неверојатна брзина.