петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Вака вози пет милиони евра вреден „Bugatti“ по дожд (ВИДЕО)

Вака вози пет милиони евра вреден „Bugatti“ по дожд (ВИДЕО)

„Bugatti“ е технолошко ремек дело на автомобилската индустрија, но по дожд не се снаоѓа баш најдобро.

„Bugatti Mistral“ е претставен како последниот „Bugatti“ со „чистокрвен“ бензински погон во облик на „W 16“ мотор.

Помалку е важно дека станува збор за „роудстер“ базиран на „Chiron“, како и дека почетната цена е поставена на околу пет милиони евра.

Доколку пак падне дожд, споменатите две информации се важни. Имено, толку скап автомобил не смее на дожд бидејќи нема кров. Возачот на овој примерок притоа добро се снашол, користејќи чадор на „Bugatti“ како заштита од водените капки.

Притоа насобраните повеќе биле изненадени од тишината во која моќниот „Mistral“ се движел на овогодишната изложба на „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“ на езерото Комо во Италија. Впечатокот е дека станува збор за прототип со електромотор, додека 8.0 W16 моторот е оставен на страна. Тој секако ќе се вградува на сериски примероци, кои кај купувачите ќе почнат да пристигнуваат дури следната година.