Доколку сакате батеријата на вашиот смартфон уред да остане во добра состојба, морате да водите сметка на неколку работи. Истражувањата покажаа дека полнењето на батеријата во текот на целата ноќ, кое го практикуваат многумина, долгорочно влијае негативно. Кога батеријата ќе се наполни до 100 проценти, а и понатаму е приклучена на полнач, таа е под „висок стрес“.
Истажувањата на оваа компанија имаат еден куп научни докази зошто таквото полнење е штетно за литијум-јонските (Li-Ion) батерии, а се сведоа на еден едноставен совет: „Кога телефонот е полн во потполност, извадете го својот уред од полначот. Тоа е како опуштање на мускулите по напорното вежбање“.
Уште подобро е, тврдат истражувачите од Cadex Battery Универзитетот, ако батеријата не ја наполните во потполност, односно до 100 проценти. Тие советуваат тоа да го правите само тогаш кога морате, затоа што кога батеријата е во потполност полна, а сеуште е приклучена на полнач, тоагаш е под нагласено висок напон.
Советот гласи: приклучете го на полнач својот паметен телефон кога и да можете затоа што бројни истражувања покажаа дека така животниот век на батеријата ќе биде подолг. Усвојте ги навиките постепено да го ставате уредот на полнење, а не само кога батеријата потполно ќе се испразни.
И уште еден совет: Топлината и штети на батеријата, затоа вашиот смартфон уред поместете го од изворот на топлина. Исто така, за време на полнењето важно е да ја извадите маската од телефонот со цел полесно да се ослободува топлината. Ако приметите дека вашиот уред е загреан кога се полни, исклучете го од полначот. Ако сте надвор на сонце, телефонот држете го на место заштитен од сонцето. И сето ова ќе го продолжи векот на траење на батеријата од вашиот паметен телефон.