четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Чистач исклучил замрзнувач и уништил 20-годишно истражување

Чистач исклучил замрзнувач и уништил 20-годишно истражување

Еден американски чистач уништил значајно истражување кое се вршело дури 20 години, откако го исклучил лабораторискиот замрзнувач бидејќи му пречеле звуците што ги испуштал.

По инцидентот што се случил на американскиот универзитет, поднесена била тужба, но чистачот не е обвинет. Тој се обидел да го запре досадниот аларм и го исклучил замрзнувач. Штетата се проценува на 1 милион долари, а тужбата бара компензација од Daigle Cleaning Systems Inc. за која чистачот работел во Политехничкиот институт „Ренселер“ во Њујорк. Исто така, во тужбата е наведено дека компанијата адекватно не го обучила вработениот.

Замрзнувачот содржел примероци кои морале да се чуваат на одредена температура, а алармот се вклучувал секогаш кога ќе имало мала промена на температурата, со цел да го предупреди персоналот.

На 14 септември, персоналот на универзитетот утврдил дека замрзнувачот треба да се сервисира и оставил порака до чистачите дека ќе пристигнат сервисери за да го поправат.

„Овој замрзнувач пишти затоа што треба да се поправи. Ве молиме, немојте да го поместувате или исклучувате. Тука не треба да чистите. Можете да го притиснете копчето alarm/test во траење од 5 до 10 секунди доколку сакате да гои исклучите звукот“, е наведено во пораката.

Меѓутоа, чистачот претпоставил дека прекинувачите што обезбедуваат струја на замрзнувачот се всушност исклучени и дека тоа е причината за алармот. Потоа тој несвесно ги префрлил во положбата „исклучено“, а следниот ден истражувачите ја откриле грешката поради која температурата била -32 наместо потребната -80 степени. Тоа го компромитирало и уништило истражувањето што траело повеќе од 20 години.

Станува збор за истражување поврзано со фаќање и претворање на сончевите зраци во употреблива енергија.

извор: kajgana