Епл го престигна саудискиот нафтен гигант, компанијата Арамко, и стана компанија со најголема пазарна вредност во светот.
По објавувањето на квартална заработка, акциите на Епл вчера пораснаа за 10,47 проценти, со што пазарната вредност на компанијата достигна 1,84 трилиони долари.
Саудиски Арамко, кој е највредната компанија откако излезе на берза минатата година, сега има вредност од 1,76 трилиони долари. (MИА)