петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Епл“ и „Хјундаи“ ги здружуваат силите за самоуправувачки електричен автомобил

„Епл“ и „Хјундаи“ ги здружуваат силите за самоуправувачки електричен автомобил

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи“ и американскиот технолошки гигант „Епл“ наскоро би можеле да го финализираат договорот за производство на самоуправувачки електрични автомобили, а лансирањето на производствените линии се очекува за три години, пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Преговорите меѓу двете компании се во полн ек, и се очекува конечен договор до март оваа 2021 година. Се наведува и дека автономните возила ќе се произведуваат во фабрика во САД, со која ќе управува подружницата на „Хјундаи“ – „Киа моторс“.

Тие планираат да пуштат околу 100.000 возила на пазарот во 2024 година, три години порано од претходно најавеното.

Веста за потенцијалното спојување на двете компании предизвика остар скок на акциите на „Хјундаи“, од околу 20 отсто во петокот, со што се зголеми нејзината пазарна капитализација за околу осум милијарди долари. (МИА)