Не возбудувајте се веднаш, затоа што овој мотор нема да го видите во автомобили.
Хонда досега никогаш не понудила “V8” мотор, но сега реши да стави крај на тоа. Сепак, љубителите на автомобили не треба да се радуваат бидејќи нема да го видат во ниту една “Honda” на четири тркала. Новиот “V8” е комерцијализиран под името BF350, а сè станува јасно кога ќе кажеме дека го претставува “Honda Marine”.
Тоа е надворешен мотор што може да го изберат сопствениците на едрилици од најмалку 7,6 метри. И да, овде номенклатурата јасно укажува за што се работи. Моторот 5.0 V8 опремен со познатата VTEC (Variable Valve Time & Lift Electronic Control) технологија произведува 350 КС.
Во согласност со својата филозофија, “Honda” го опреми моторот со серија технологии кои ја оптимизираат потрошувачката на гориво.
Надворешниот мотор на “Honda” со интересен изглед тежи 347 килограми, а последните информации велат дека во Америка ќе се нуди по цена од 46.000 американски долари.