недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марк Маркез ја напушти Хонда по 11 години

Марк Маркез ја напушти Хонда по 11 години

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (30) на крајот од оваа сезона ќе ја напушти Хонда во која помина 11 години, објавија од јапонскиот тим.

Маркез имаше договор со Хонда уште една година, но спогодбено го раскинаа, што му се отвори пат да се пресели во тимот на Гресини Рејсинг, кој го вози помладиот брат на Маркез, Алекс, и користи мотори на Дукати.

-Имавме незаборавни моменти: шест светски шампионски титули, пет тројни круни, 59 победи, 101 подиум и 64 пол-позиции. Напорна работа, посветеност и врската што ја изградивме низ годините. Смеа, солзи, радост, тешки моменти, но најважно: единствена и неповторлива врска. Разделени, но секогаш заедно, изјави Маркез преку социјалната мрежа Х.