сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Марк Маркез ја напушта Хонда

Марк Маркез ја напушта Хонда

Шпанскиот мотоциклист, Марк Маркез, најверојатно ќе ја напушти екипата на Хонда и следната сезона ќе вози за тимот на Гресини, јавува „Ас“.

Маркез своите најголеми успеси ги доживеа токму во Хонда, со која освои дури шест шампионски титули во „кралската класа“, а исто така има по една титула во Мото2 и Мото3 шампионатите.

Медиумите на Пиринеите пишуваат дека Маркез би можел следната сезона да се приклучи на Гресини, каде вози неговиот помлад брат, Алекс, кој сезонава има освоено 102 бода. 30-годишниот Марк Маркез е еден од најлегендарните и најуспешните возачи во историјата на овој спорт.