четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Летечко такси“ – Израелците почнаа со пробни летови за патници (ВИДЕО)

„Летечко такси“ – Израелците почнаа со пробни летови за патници (ВИДЕО)

Израелските власти почнаа со првите пробни летови на т.н. такси дронови во рамки на сопствената Иницијатива за дронови (ИНДИ), со цел во иднина да се овозможи превоз на товар и патници со леталата.

Двегодишниот пилот проект има за цел да креира национална мрежа на дронови кои ќе се користат за превоз на патници, пишува израелски „24њуз“.

Министерката за сообраќај, Мири Регев истакна дека ова е прва иницијатива од таков вид во светот која има широк мултидисциплинарен пристап со истражување на нови технологии.

Проектот, исто така, ги истражува сите аспекти, вклучувајќи ја и законската регулатива што ќе биде потребна за комерцијална работа на дроновите. Втората фаза на израелскиот проект за „летечко такси“ почна во јануари и вклучи вложување на околу 60 милиони долари во развој на дрон инфраструктура.

За сигурно и безбедно летање на дроновите, ИНДИ планира да воспостави надзор на воздушниот простор за дронови кој ќе функционира на сличен начин како и постоечката контрола на летање.