недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Неверојатна глетка! Научниците објавиле подобрена верзија на фотографија од црна дупка

Неверојатна глетка! Научниците објавиле подобрена верзија на фотографија од црна дупка

Научниците денеска претставиле нова подобрена фотографија од црна дупка, користејќи алгоритам за реконструкција на слики за да ги пополнат празнините на оригиналната фотографија, пишува „Reuters“.

Како што наведува агенцијата, објавувањето на првите фотографии од црна дупка во 2019-та година е претставено како значајно научно достигнување, но фотографијата била делумно матна.

Светлосниот прстен кој се гледа на фотографијата всушност е двојно помал од тој што се гледа на претходната, пренесува „Reuters“. Фотографијата не е подготвена за холивудски научно-фантастичен блокбастер, но е напредна во однос на верзијата од 2019-та година, наведува агенцијата.

Оваа супермасивна црна дупка се наоѓа во галаксијата М87, оддалечена на околу 54 милиони светлосни години од Земјата. Светлосна година е далечина која светлината ја минува за една година – 9,5 трилиони километри. Оваа галаксија, со маса 6,5 милијарди поголема од нашето Сонце, е поголема и посјајна од нашиот Млечен пат, пишува „Reuters“.

„Претходната фотографија со љубов ја нарекувам портокалова крофна, а оваа ја нарекувам слаба крофна, што звучи неверојатно невкусно. Исто така разговаравме за и диетална крофна, која е подеднакво непристојна“, рекла астрофизичарката Лиа Медеирос од Институт за напредни студии во Принстон.

Таа рекла дека заедно со своите колеги ќе ја искористи истата техника за да ги подобри фотографиите од другата црна дупка која е објавена минатата година. Таа црна дупка се наоѓа во центарот на Млечниот пат и наречена „Стрелец А“.