сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шокантна снимка откри опасна дупка пред стадионот во Катар

Шокантна снимка откри опасна дупка пред стадионот во Катар

На социјалните мрежи се појави шокантно видео кое откри огромна длабока дупка пред новиот стадион во Катар, каде што ќе се игра Светското првенство. Постои реален страв дека некој би можел да се повреди.

Видеото е објавено од новинарот Мохамед Салех, а истото откри голема и опасна дупка пред новоизградениот стадион, вреден милијарда долари. Според снимката, дупката е направена како последица од оштетување на бетонските плочи, а околу неа не постои безбедносен кордон, ниту знак што укажува на опасност.

Поради тоа, навивачите мора да бидат многу внимателни каде одат.

Стадионот Lusail Iconic има 80.000 седишта и ќе биде домаќин на финалето на 18 декември, покрај 9 други натпревари на СП.

Токму затоа ваквиот пропуст е несфатлив, бидејќи станува збор за инвестиција „тешка“ 1,1 милијарда долари.