„Епл“ и „Мерцедес-Бенц“ се здружија за да воведат премиум систем наречен „Спејшал аудио“ (Spatial Audio) во одредени модели на германскиот автомобилски гигант.
Супериорниот, повеќедимензионален звук на „Епл“ го произведува 4-Д „хај-енд“ звучен систем на „Бурместер“. Системот вклучува 31 звучник, меѓу коишто шест 3-Д звучници вградени во кровот, четири звучници блиску до увото на предните седишта и 18,5-литарски сабвуфер. Вградени се и два засилувачи со моќност од 1.750 вати.
„Спејшал аудио“ со поддршка за „Долби атмос“ (Dolby Atmos), сега првпат е достапно за купувачите во возилата на „Мерцедес-Бенц“ ширум светот. Системот е достапен во моделите на „Мерцедес-Мејбах“, „Е-ку-ес“ (обичното, како и теренското возило), како и „Њ-ку-е“ и „С-класата“, нудејќи звук со квалитет како во студио. (МИА)