четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Овие апликации за Ајфон ќе ве предупредат пред земјотрес – не сте ни знаеле дека постојат, а може да ви го спасат животот!

Овие апликации за Ајфон ќе ве предупредат пред земјотрес – не сте ни знаеле дека постојат, а може да ви го спасат животот!

Додека Андроид има наменски сервис за земјотреси, Ајфон и ИОС се снаоѓаат со локалните услуги и нудат опции со дигитален потсетник кој директно е поврзан со на пример државните сеизмолошки станици, пишува „Тпоратл“.

А, овие се трите може најдобри апликации за предупредување од земјотреси за ИОС:

LastQuake

За Ајфон оваа апликација е бесплатна и е посветена на објавување на информации поврзани со земјотресите во реално време. Оваа апликација официјално ја направиле сеизмолозите на Евроскомедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

На оваа апликација и требаат само неколку секунди за да го процени епицентарот и да ги извести корисниците.

Earthquake Network

Оваа апликација за многумина корисници е многу корисна и се користи во многу земји.

Апликацијата нуди известувања во реално време ако живеете близу епицентарот и предупредува неколку секунди пред потресот.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја најдете ТУКА.

 My Earthquake Alerts – US & Worldwide Earthquakes

Оваа апликација е една од ретките кои нудат база на податоци за земјотресите случени од 1970-та година, па се до овој момент.

Авторите на сите овие апликации, секако се едногласни – тоа е дека една ваква апликација која може да ви го спаси животот не би требало да ви смета во телефонот.