понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Промоција на видео игра „Франтикс“ на која работеше тим од Македонија

Промоција на видео игра „Франтикс“ на која работеше тим од Македонија

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана видео-игра „Франтикс“ (Frantics), наменета за светски пазар, а на која работеше тим Македонци.

На играта две години работеа седумдесетина артисти, дизајнери, програмери и тестери, од кои 27 се од Македонија.

– Возбудени сме што конечно можеме да говориме за „Франтикс“, една од првите игри, којашто е ексклузивна за плејлинк-платформата, којашто подразбира комбинирање паметни телефони, телевизија и Плејстејшн 4. Фактот дека преку телефон може да се игра на Плејстејшн, говори за отворени можности, кои гарантираат забава и ново искуство.

„Франтикс“ е многу социјална игра, којашто открива нови технологии и начини на комуникација, вели Дајана Димовска, косопственичка на „Напнок гејмс“, која стои зад „Франтикс“.

Станува збор за игра, која на четири играчи ќе им овозможи забава преку различни мини-игри.

Направена е во копродукција со „Сони плејстејшн“, што подразбира директна соработка со еден од најголемите светски издавачи на видео-игри.

„Напнок гејмс“ е компанија што постои седум години и досега има добиено бројни награди од областа на видео-игрите. Има свои претставништва во Копенхаген, Париз, Минеаполис и Скопје.