Епл конечно проговори за бизарната грешка.
Епл рече дека корисниците може да очекуваат проблемот со нивните камери во апликацијата да биде поправен следната недела.
Да потсетиме, по лансирањето на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max, некои корисници на уредот забележаа дека главната леќа на задната камера вибрира неконтролирано во апликациите со функција на камера, како што се Снепчет, ТикТок и Инстаграм, поради што многу од нив не можат да снимаат видео директно во овие апликации. Се чини дека проблемот не влијае на вградената апликација Камера.
Ејпл сега е свесен за проблемот и работи на негово решение, пишува GSMArena.
Овој проблем не само што го оневозможи користењето на камерата во апликациите, туку предизвика и долгорочни проблеми со оштетување на самиот хардвер.
Главниот објектив на моделите на iPhone 14 Pro има оптичка стабилизација на слика од „втора генерација“ со поместување на сензорот, а можно е стабилизаторот да го прави тоа поради софтверска грешка, но ова е само претпоставка. Друг доказ дека станува збор за софтверска грешка е фактот што камерата работи само во апликации кои не се на Apple.
Сè додека не се реши проблемот, сопствениците на iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max треба да избегнуваат отворање на камерата во апликации како што се Снепчет, ТикТок и Инстаграм доколку се загрижени за потенцијално оштетување на системот на главната камера.
Bagovi na iphone 14 pic.twitter.com/jojKELHr34
— Kalabaster (@KalabasterJak) September 19, 2022