Израелски производител на оружје направи роботско оружје кое користи снајперски пушки за рушење на статични и подвижни мети во текот на летот. SMASH Dragon, кој го дизајнираше израелската компанија Smart Shooter, може да се монтира на различни форми на беспилотни воздушни платформи, како што се дроновите, и може да погоди мети додека лебди над нив.
На системот може да се монтира снајперска пушка со која управува човек на копно. Оружјето е многу лесно и користи уникатен концепт за стабилизација, кој му овозможува прецизно да погодува цели без оглед на брзината со која се движи дронот, објави компанијата во соопштението за печат.
Системот има софистицирани можности за компјутерски вид и може да работи и дење и ноќе. SMASH Dragon успешно ги помина тестирања за пукање и се наоѓа во напредна фаза од развојот, но уште не е во функција, објави компанијата Smart Shooter.
Системот ќе ја користи технологијата Smash 2000 на истата компанија, која користи вградени алгоритми за наоѓање мети и погодување на истите. Технологијата досега е користена за соборување на дронови и запалливи балони лансирани од појасот Газа.
Smart Shooter технологијата SMASH нуди прецизно отстранување на заканите на копното, во воздухот и на море, изјави извршниот директор на Smart Shooter, Мајкл Мор.