Некои владини и државни службеници во САД одлучија да ги отфрлат забраните за Тик-ток. Така, еден од нив е Емануел Жан-Пјер – носител на писма за американската поштенска служба.
Имено, тој е и надежен писател кој има намера да го објави својот прв роман за млади луѓе подоцна оваа година. За таа цел, тој сега има и Тик-ток профил со назив Мани поштарот и ознака #mailtok, што има над 24,5 милиони прегледи.
Но, со тоа тој е засегнат од геополитичката борба меѓу САД и Кина и сомнежите дека далекуисточната земја преку својата кинеска видеоапликација врши недозволен дигитален надзор, т.е. „шпионажа“ и допира до милиони луѓе дневно. Поради тоа, властите во САД воведоа ограничувања околу Тик-ток.
Армиски пилоти, исто така, поставуваат видеа од леталата со кои летаат. Тука се и чуварите на паркови кои ги пренесуваат појавите и збиднувањата во природата, контролор на летање кој прикажува блиско избегнување судир на аеродромска писта итн. Нивната употреба на Тик-ток покажува колку е тешко да се спроведат ограничувањата на апликацијата од американските власти.
-Тик-ток е добра публика за климатските промени… Но, јас (на интернет-просторот) говорам за себе, а не од име на Агенцијата, истакна Питер Калмус, научник во лабораторијата за млазен погон на НАСА, од областа на климатските промени.
Тој веќе има 253.800 следачи на Тик-ток со објавени само 22 видеа. Тој го отвори својот профил лани откако бил уапсен по жесток протест пред „Чејс банката“ поради нејзините инвестиции во фосилни горива. (МИА)