петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ако се здружат, пајаците би го изеле човештвото за една година

Ако се здружат, пајаците би го изеле човештвото за една година

Во теорија, пајаците може да го изедат секој човек на Земјата во рок од една година, објави Вашингтон пост.

Имено, биолозите Мартин Најфелер и Клаус Биркофер направиле пресметки и своите истражувања ги објавиле во The Science of Nature. Така откриле дека глобалната заедница на пајаци годишно јаде меѓу 400 и 800 милиони тони плен, наведува весникот.

За споредба, околу седум милијарди луѓе годишно јадат околу 400 милиони тони месо и риба.

Според сторијата, вкупната биомаса на возрасните луѓе изнесува 287 милиони тони. Тоа значи дека пајаците може да се нагостат со луѓето и се уште би имало што би биле гладни.

Неколку факти за пајаците влијаат на вака необична вест:

– Истражување на урбани и приградски домови покажало дека пајаци живеат во 100 отсто домови во Северна Каролина. Пронајдени се во 68% купатила и повеќе од 75% спални соби.

– Кога сите пајаци би се ставиле на вага, би тежеле 25 милиони тони. На пример, Титаник тежел 52.000 тони – односно околу 478 Титаник бродови.

– Пајаците секојдневно јадат по околу 10 отсто од својата телесна тежина. Тоа е исто како човек од 100 кг дневно да изеде 10 килограми месо.