петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Германка со страв од пајаци во паника повикала полиција

Германка со страв од пајаци во паника повикала полиција

Германка која страда од арахнофобија, исплашена побарала помош од полицијата во Баден-Виртемберг. Според полицискиот извештај, 33-годишната жена пријавила дека видела пајак во нејзиниот автомобил и дека ѝ била потребна итна помош бидејќи не можела да продолжи да вози.

Полицајците го пребарале возилото, но пајаци биле пронајдени, па жената се смирила. Таа го продолжила своето патување, според полицијата.

Арахнофобијата е патолошки страв од пајаци. Луѓето со арахнофобија ги проверуваат своите кревети неколкупати пред спиење. Стравот од пајаци може да стане причина и за избегнување прошетки во природа. (МИА)