Некои уметници се чини дека наоѓаат инспирација дури и на прилично непредвидливи места. Една таква личност е американската дизајнерка Хана Бичлер.
Хана е добитничка на Оскар, работела на реномирани проекти како што се албумот на Бијонсе наречен „Lemonade“ и филмот „Black Panther“, но дури сега го привлече вниманието на целиот свет поради многу необична причина.
Дизајнерката моментално живее во Њу Орлеанс и како што вели, ја обоила својата куќа во црно во име на 2020 година, за која смета дека е „црна“ за целиот свет. Бичлер истакна дека многу црни настани ја обележаа оваа година, па затоа ѕидовите, кровот, ролетните и прозорските рамки ги обоила во црно.
No one anywhere:
Me: *Clears Throat* To commemorate 2020 I painted my house BLACKITY BLACK BLACK BLACK!!! Holla! pic.twitter.com/NqS08DW7zV
— Hannah Beachler (@chinchilla1970) November 27, 2020
За многу кратко откако се пофали на социјалните мрежи за „реновирањето“, таа стана вирален хит. Таа на социјалната мрежа „Twitter“ објави неколку фотографии од куќата.
– Во спомен на 2020 година, ја обоив мојата куќа во црно, напиша таа.
Бројни корисници на оваа мрежа беа импресионирани од нејзината креативност и ја пофалија нејзината идеја во коментарите.
Оваа година, пандемијата на коронавирусот го „затвори“ целиот свет, а воедно многумина загубија свои блиски роднини и пријатели од последиците на оваа ужасна болест.