Во Мисисипи надзорните камери на една бензинска станица снимија катастрофална несреќа која за среќа не однесе ниту еден живот.
Снимката од местото Фловуд покажува како автомобил слетува од патот и со полна брзина, со превртување во воздухот, се удира во пумпата.
Но момент по страшната несреќа се случува може да се каже чудо, жената која била во автомобилот зад воланот мирно и неповредено излегува од него.
Може да се каже дека е просто неверојатно како ниту пумпата, ниту автомобилот не експлодираа.