четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четири лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Четири лица повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка
илустрација

На 30.10.2023 во 15:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Сув Орах, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со пробни регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(20) од с.Петровец, скопско и патничко моторно возило „мазда“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(29) од с.Псача, општина Ранковце.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и нивните двајца сопатници,  А.Д.(18) од с.Петровец и С.Ц.(37) од с.Псача, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.