понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Тетово

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Тетово
илустрација

На 29.10.2023 во 19:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул. „Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од с.Шипковица, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22), исто така, од с.Шипковица.

Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.