сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Без фигаро и витлери: Најдобар трик со кој ќе имате локни како од плажа

Без фигаро и витлери: Најдобар трик со кој ќе имате локни како од плажа

Колку пати сте посакале виткана коса, но не сте сакале да ставите витлери или да го вклучите фигарото за коса? Благодарение на методот на виткање за кој ви е потребна само крпа, сега можете да добиете совршени локни на наједноставен можен начин.

Дали сакате кадрици, но ви е премногу топло за долгорочно виткање или едноставно не ви се допаѓа да користите витлери? Тогаш треба да го пробате овој лесен тренд на виткање со пешкир.

За да направите убави кадрици, изберете крпи направени од мешавина од памук, бамбус и еластин или можете да користите и обична памучна маичка.

Раширете го пешкирот на рамна површина и ставете ја главата на неговата средина. Целата влажна коса завиткајте ја со крпата, свиткајте ги двете страни и потоа врзете ја на задниот дел од главата. Држете ја крпата на глава додека косата не се исуши, а потоа извадете ја и сигурно ќе бидете воодушевени од резултатот.

Оваа техника ја поттикнува природно брановидната коса да се витка уште повеќе, а и дава волумен на правата коса.