четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Црногорска реклама против коронавирусот стана вистински хит на интернет и социјалните мрежи (ВИДЕО)

Црногорска реклама против коронавирусот стана вистински хит на интернет и социјалните мрежи (ВИДЕО)

Промотивното видео на Црна Гора во врска со превентивните мерки во борбата против корона вирусот стана хит на интернет поради пораките што се испратени.

Во видео клипот кој промовира превентивни мерки, додека бабата плете, мајката му објаснува на таткото дека новото момче на нивната ќерка е убав човек кој носи маска, ги мие рацете и ја одржува оддалеченоста.

Откако ќерката ќе му покаже на таткото фотографија од момчето со маската, тој одговара:

„Убав е“. Но, случајно да не ти се приближува поблизу од два метра“.

Рекламата продолжува со „љубовна сцена“ во автомобилот, која привлече најголемо внимание.