среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Дали е во ред да пиете кафе на празен стомак? Доктор открива две работи кои треба да се направат прво

Дали е во ред да пиете кафе на празен стомак? Доктор открива две работи кои треба да се направат прво

Според д-р Тара Скот, доктор по интегративна медицина, има еден негативен ефект на кафето што многу луѓе го занемаруваат: доведува до дехидратација.

Вежбањето на празен стомак е се почесто, па логично е прашањето дали е добро да се пие кафе на празен стомак.

Пиењето кафе има корист за здравјето на вашиот мозок и, според Парад, дури е поврзано со подолг живот доколку се консумира редовно. Но, според д-р Тара Скот, доктор по интегративна медицина, има еден негативен ефект на кафето што многу луѓе го занемаруваат: доведува до дехидратација.

Добро, сега знаете дека е најдобро да се напиете вода пред да уживате во утринското кафе.

Дали е потребно прво да се појадува?

Повеќето луѓе, според д-р Скот, можат да консумираат кафе на празен стомак – без негативни ефекти врз телото.

– Многу луѓе пијат црно кафе на празен стомак, бидејќи тоа не им ја прекинува рутината на јадење – објаснува таа: – Ако вообичаено чекате до средината на утрото или ручекот за да јадете, сосема е во ред да ја испиете шолјата кафе на празен стомак. Но, не секој може добро да го толерира ако не јадел. За оние со рефлукс или киселини, симптомите се влошуваат ако пијат кафе на празен стомак. Научните студии покажуваат поврзаност помеѓу консумирањето кафе и киселините, па ако ова е нешто што го доживувате редовно, можеби е подобро да се намали консумацијата на кафе воопшто, не само наутро.

Испијте чаша вода и измијте ги забите

Д-р Скот објаснува дека кофеинот во кафето го зголемува производството на урина, поради што истакнува дека е многу корисно да се напиете чаша вода прво наутро пред да уживате во шолја кафе. Меѓутоа, ако пиете кафе без кофеин, тоа не е случај.