четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Драма во авион- двајца патници заразени со коронавирус сакале да полетаат, па настанал хаос откако дошле лекарите (ВИДЕО)

Драма во авион- двајца патници заразени со коронавирус сакале да полетаат, па настанал хаос откако дошле лекарите (ВИДЕО)

Патници во авион кој требало да патува од Лондон за Пиза со компанијата „Рајанер“ ги фатило паника откако медицинскиот персонал влегол и извадил двајца патници кои се покажале како позитивни на Ковид-19.

Инфицираниот патник и неговата придружба биле принудени да се симнат од авионот неколку минути пред полетувањето од Лондон и биле пренесени во изолационата зона на аеродромот, каде ги чекале здравствените власти.

Нивните места биле дезинфицирани пред да полета авионот за Пиза.

Двајцата носеле маски, а во авионот останале многу кратко околу 10 минути.

Од компанијата велат дека мал е ризикот за останатите патници и екипажот бидејќи сите тие носеле маски.

Во шокантното видео се гледа како тројца службени лица облечени од глава до петици со заштитна опрема приоѓаат до лице во авионот додека член на екипажот се обидува да ги задржи патниците на своите места.