среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Двајца мажи се степаа во авион на „Рајанер“

Двајца мажи се степаа во авион на „Рајанер“

Жестока расправија за седиште во авион на „Рајанер“ заврши со тепачка.

Авионот требало да летa од Малта до Станстед кога двајца патници се скарале а потоа и се степале.

Според сведоци, тепачката избила откако еден човек одбил да го пушти другиот да помине до своето седиште покрај прозорецот.

„Британецот не му дозволи на Американецот да помине за да дојде до своето прозорско седиште, потоа беа разменети погрдни зборови и пцости пред да дојде до тепачка,“ изјави сведoк на инцидентот.

Летот беше одложен два часа, сите беа изнервирани. Некои извикуваа: никогаш нема да стигнеме дома.“

Сопатниците морале да реагираат во обид да ги разделат.

Британски весници потсетуваат дека ова не е прв пат патниците на летовите на „Рајанер“ да бидат сведоци на хаотични сцени.

Минатата недела млад патник на летот на „Рајанер“ од Хрватска се обидел да ја отвори вратата на авионот пред полетувањето.

Неименуваниот маж, за кој се верува дека е од Велика Британија и има 27 години, бил снимен како вика по другите патници и екипажот во кабината додека авионот се подготвувал да го напушти аеродромот во Задар на 30 јуни, пренесува Дејли мејл. На видеата споделени на „Тик-ток“, се гледа како младиот човек крева стисната тупаница и се упатува кон вратата од авионот.

Во друг инцидент минатиот месец, на патник му било забрането да лета со нискобуџетниот авион, откако бил фатен како пуши во тоалетот во авионот.