петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Астерикс навистина постоел, пронајден неговиот гроб

Омилениот галски јунак Астерикс, за кого се веруваше дека е измислен лик, навистина постоел.
ФОТО: Астерикс навистина постоел, пронајден неговиот гроб

Случувањата на Астерикс и Обеликс, двајцата симпатични галски другари, со децении ги забавуваа луѓето низ стриповите, цртаните и играните филмови.

За Астерикс и Обеликс сите знаат дека се измислени ликови, но новите научни откритија покажуваат дека таков галски војник навистина постоел.

Археолозите на тлото на Велика Британија, во западен Сасекс, пронашле гроб на маж за кого се верува дека бил галски војник кој дошол во Британија да се бори против Цезар.

Според зборовите на археолозите се работи за „најдобро опремениот гроб на некој војник кој некогаш е пронајден во Англија“.

Во гробот биле пронајдени галски шлем, оружје односно меч кој во Британија во тоа време ретко кој го има.

-Ние веројатно никогаш нема да го дознаеме неговото име, но она што можеме со сигурност да го тврдиме е дека се работи за Гал кој се борел против Цезар. Дилемата е само дали е некој од источна Англија кој се борел во ваква опрема или станува збор за Французин, кој дошол да се бори на оваа територија, односно Астерикс од вистинскиот живот кој на Британците им делел знаење, стратегија, тактика, како и ги откривал слабите точки на Цезар, изјавува археологот Мелани Џил.