Лав во зоолошката градина во Гуангжу во Кина поради неговата необична фризура – шишки, деновиве е главна тема на социјалните мрежи, а многумина, погодувајќи дека има фризура, се запрашале кој дозволил ова прекрасно животно да изгледа како некој да се шегува со него.
Фотографија од лав по име Ханг Ханг беше споделена од посетител на Зоолошката градина, која се прошири на интернет.
Во коментарите луѓето забележаа дека „лицето на лавот покажува дека не е среќен“, дека „изгледа засрамено“ и дека оние што му го направиле ова „треба да се срамат“ бидејќи тоа „не е нормално“.
Од зоолошката градина во Гуангжу негираа дека ја допреле неговата грива и го шишале, велејќи дека најверојатниот виновник е „високата влажност, што предизвикува отекување на гривата на лавот“.
A white lion with blunt bangs has become a hit at a zoo in Guangzhou, south China.
Staff of the zoo said the lion’s hair grows naturally and it could be the result of the high humidity in the city. pic.twitter.com/b8mvpEkNMz
— QinduoXu (@QinduoXu) May 31, 2022
-Во зоолошката градина нема фризерска програма, а ние не се осмелуваме да го потстрижуваме лавот. Може да се каже дека сам ја „измислил“ фризурата, ги цитира Global Times зборовите на работникот во зоолошката градина.
Новостекнатата слава на лавот фрли светлина и на неговата ДНК, бидејќи Ханг Ханг е дел од редок подвид на бел лав.
Белите лавови ја добиваат својата необична боја од рецесивен ген, кој може да се најде и кај белите тигри, а по природа се многу ретки и најчесто можат да се видат само на вакви места.