понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Ова личи на ќеса за ѓубре, но всушност е торба од чија цена ќе се зачудите

ФОТО: Ова личи на ќеса за ѓубре, но всушност е торба од чија цена ќе се зачудите

Францускиот моден бренд  „Селин“  пушти во продажба проѕирна пластична торба со астрономска цена од 480 евра.

На торбата освен името на брендот, отпечатени се и предупредувања на четири јазици (англиски, француски, германски и италијански) со кои се нагласува таа да се држи подалеку од бебиња и мали деца поради опасност од задушување.

Иако на рекламните фотографии торбата е прикажана со мал црн или светлозелен паричник, за сумата од 480 евра ја добивате само неа без додатоци. Доколку сакате да ги купите и нив, за паричникот ќе доплатите уште 820 евра.

Овој моден додаток предизвика низа коментари на потсмев на социјалните мрежи, меѓу кои најинтересен беше на една мајка која наведува дека таква торба видела кога последен пат нејзиното дете повраќало во автомобил.