Аргентинскиот доктор Алберто Кормиљо доби син на 83 години. Роден е на 31 август во 1938 година и важи за еден од најпознатите нутриционисти во Аргентина.
Неговиот приватен живот предизвика внимание во јавноста откако во 2019 година објави дека ќе се ожени со Естефанија Паскини, која е 48 години помлада од него. Минатата година тие го добија своето прво дете, синот Емилио.
Коментарите полни со предрасуди не ги одминаа, но неговата сопруга вели дека е свесна дека еден ден Алберто ќе го нема и е подготвена да се соочи со тоа.
View this post on Instagram
-Луѓето не зборуваат нешто, за што јас и Алберто не сме свесни, вели Естефанија.
Алберто пред 50 години се реализирал како татко, а неговата ќерка Рене и синот Адријан ја прифатиле желбата на својот татко да основа ново семејство и му се радувале на братот, и покрај големата разлика во годините.
Докторот вели дека би сакал да доживее 105 години за да го види својот син како дипломира. Открива дека на својот син му оставил специјален подарок кој цел живот ќе го потсетува на него, кога тој веќе нема да биде тука.
-Купив телефон на кој праќам ВатсАп пораки и фотоградии, а снимам приказни и му раскажувам што правам, открил Алберто.