Кодексот на пристојно облекување често знае да ги нервира луѓето за време на летните месеци.
Среднишколец од Црна Гора се изнервирал бидејќи не му дозволиле да дојде во училиште со шорцеви или куси пантолони, па се одлучил на „радикален“ чекор.
Имено, на момчето му текнало дека здолништата не им се забранети на девојчињата, па облекол едно, и отишол во училиште.
Фотографијата стана вистински хит не само во Црна Гора, туку и во регионот.