„Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри“, пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираа свадбената веселба на 05 Мај 2019.
Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.
Собраните играчки денес ги донираа во Дневниот центар „Зраци“, дневниот престој „Добротољубие“ и во детското одделение при Општата болница Охрид. Заедно со тетка Анета на дечињата им подарија ден исполнет со љубов, радост и желби за многу здравје.
Им посакуваме вечна љубов и дар од Бога.