петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Уапсиле маж во Загреб, па во станот пронашле питон долг 5,5 метри

ФОТО: Уапсиле маж во Загреб, па во станот пронашле питон долг 5,5 метри

Откако полицијата уапсила маж во Загреб, во неговиот стан пронашле огромен миленик.

-Акција на зачудувачки димензии во петокот навечер! Нашиот тим никогаш немал таков влекач во нивното возило! Тоа е бурмански питон долг 5,5 метри и тежи околу 50 килограми. Колегите го однеле на повик на полицијата. Питонот, кој пристигнал таму, предизвикал восхит затоа што најдолгиот питон во Зоолошката градина е повеќе од два метри пократок од впечатливиот гостин, објавено е на Фејсбук страницата на Загрепската зоолошка градина со фотографии од импресивната змија.