понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Фудбалерите лудуваат по соседството: Меси купил мал остров, а Роналдо за свадба му подарил грчки остров на овој човек

Оваа компанија соопшти дека друг грчки остров бил подарен од Кристијано Роналдо на неговиот менаџер Жозе Мендес за неговата свадба, информира грчки „Њуз.ин“.
Фудбалерите лудуваат по соседството: Меси купил мал остров, а Роналдо за свадба му подарил грчки остров на овој човек

Светската фудбалска ѕвезда Лионел Меси стана сопственик на мал грчки остров Софија крај Итака во Јонското Море. Ова се наведува во соопштението на брокерската компанија „Прото груп“.

Оваа компанија соопшти дека друг грчки остров бил подарен од Кристијано Роналдо на неговиот менаџер Жозе Мендес за неговата свадба, информира грчки „Њуз.ин“.

Истата брокерска компанија соопшти и дека има многу острови за продажба во Грција и дека многу фудбалски и холивудски ѕвезди се заинтересирале за купување и побарале од неа информации.

Се проценува дека еден од нив бил и суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој го купи островчето Софија во Јонското Море, поконкретно во реонот на островски комплекс источно од Итака.