Џејн Малкеји успешно се развела од својот сопруг, чие име не е објавено. Успешно, ако ги прашувате адвокатите кои ја застапувале, но ако ја прашувате неа, приказната е потполно разчична.
Таа по разводот ги тужела своите адвокати за измама и навела дека „не и објасниле дека развод значи дека бракот е завршен“.
-Не сакав да се разведам, туку да се разделам од мажот. Адвокатите од канцеларијата Бутс не ме известија дека разводот значел прекин на бракот, навела таа во тужбата, која жалбениот суд експресно ја отфрлил.
Џејн изјавила дека строгата католичка вера не и дозволува да се разведе, а дека адвокатите не и објасниле дека баш тоа ќе се случи ако поднесе документи за развод.
-Мојата намера не беше да го прекинам својот брак, кажала таа.
„Индепендент“ пишува дека адвокатите можеле да и предложат законско разделување, што е ниво под разводот. Пред британскиот закон, бракот на хартија би постоел и понатаму, но брачните должности би престанале да важат и не би дошло до поделба на имотот ниту правата на наследување.
Нејзините адвокати пак велат дека таа дошла кај нив и кажала дека сака да се разведе и дека не споменувала вера во овој случај.