среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Имала неподносливи болки во текот на бременоста: Родила син, а потоа лекарите и ја соопштиле ужасната вистина

Имала неподносливи болки во текот на бременоста: Родила син, а потоа лекарите и ја соопштиле ужасната вистина

36 годишната Таша Бартон од Хердфордшир во текот на бременоста имала стомачни тегоби, но не се грижела премногу, мислејќи дека се е поради тоа што е во блажена состојба.

Откако симптомите продолжиле и после раѓањето на синот, кој сега има 16 месеци, сфатила дека не е шега, па се обратила до лекарите.

Откако ја пратиле на ултразвук, дијагностицирана и била циста на панкреасот, па следеле дополнителни испитувања. Скенерот утврдил здебелување на цревата, а наредните тестови во април минатата година покажала дека устави има трет стадиум на тумор на дебелото црево. Кажано и било дека мора итно на операција.

-Шест месеци после породувањето имав преголеми болки. Не можев во тоалет да одам, а се што би изела, би повратила. Не бев во состојба да се грижам за своето бебе и да ја поднесам таа агонија, кажала таа и додала:

-Ми кажа дека станува збор за галопирачки тумор, а со операција отстранет беше добар дел од дебелото црево и 23 лимфни жлезди. Се беше во ред од скенерот кој покажа два тумора, еден од околу 5 сантиметри во вратот, а друг во грбот. Испадна дека туморот на дебелото црево се проширил понатаму низ лимфните жлезди.

Работата да биде уште полоша, после операцијата добила сепса, поради што пет недели поминала во болница и не можела да го види бебето.

-Не ми беше дозволено да го видам синот, затоа што ризикот од инфекција беше голем. Толку ми беше тешко, срцето ми се кршеше. Имаше само шест месеци кога отидов во болница и тие шест месеци ми беа најлоши во живото, вели Таша, која после тоа поминала и циклус на хемотерапија како би и се продолжил животот.

-Лекарите ми велат дека ми нема спас. Се надевам дека хемотерапијата ќе успее малку да ми го продолжи живото. Многу ми е тешко што не можам да ја планирам иднината со детето. До скоро планирав како за неколку години ќе го носам во прво одделение, а сега го планирам својот погреб.