вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години

Индиец доби судски спор за 25 центи по 22 години

По речиси 22 години, Индиец го добил судскиот спор околу билет за железницата преплатена за 25 центи, пренесува во четвртокот BBC.

На адвокатот Тунгнат Чатурведи во 1999 година во сојузната држава Утар Прадеш му биле наплатени дополнителни 20 рупии, односно 25 центи од американскиот долар, за два билети за железницата.

Минатата седмица судот за спорови во врска со потрошувачките права пресудил во полза на Чатурведи и побарал од железничкиот оператор враќање на парите со камата.

„Бев на повеќе од 100 рочишта во врска со овој случај. Но нема цена за загубеното време и за енергијата што ја вложив во овој случај“, изјавил сега 66-годишниот Чатурведи.

Пред 22 години Чатурведи, кој живее во Утар Прадеп, патувал од Матуара за Морадабад кога контролорот двата билета наместо 70 му ги наплатил 90 рупии.

Судовите за потрошувачи во Индија се инаку многу оптоварени и парниците понекогаш траат со години, потсетува BBC.