Австралиска инфлуенсерка се расплакала откако отишла во странство за да ја направи тетоважата од соништата, но не испаднала како што очекувала.
Тиа Кабир (19) изјавила дека отишла на Бали за да ја направи специјалната тетоважа за која сонувала, но останала вчудоневидена откако уметникот за тетоважи го променил нејзиниот дизајн без дозвола.
Инфлуенсерката од Канбера, која заработува за живот продавајќи слики за возрасни на популарна страница за возрасни, побарала да и ги истетовира зборовите „Ангелска енергија“ на десната подлактица.
Меѓутоа, наместо тоа, таа заврши со тетоважа „Енергетски ангел“, која целосно ја скрши.
„Имав парче хартија на кое пишуваше „Ангелска енергија“, но ми беше малку преголема на раката откако го стави шаблонот на неа, но не забележав“, изјави таа за австралискиот „News.com.au“.
Дури откако завршил, таа си ја проверила раката и била шокирана.
@tiakabirr Im lost for words #tattoo #fypシ #fail #foryou ♬ original sound – Tia k
„Дојдов на Бали да ја направам тетоважата за која сонував. Веќе неколку месеци правам тетоважи“, раскажува таа во видеото плачејќи.
„Тетоважата тргна наопаку на Бали“, напиша таа на видеото на „Tiktok“, кое е прегледано повеќе од два милиони пати од неделата.
Додека некои ја искористија приликата да и се потсмеваат, други се обидуваа да ја утешат велејќи дека „ангелот е се уште таму“.
Многумина шпекулираа дека видеото може да биде лажно, Кабир инсистира дека не е, објаснувајќи дека студиото во кое се тетовирала оттогаш направила ревизија за да ја исправи грешката.
„Се пожалив и ме поканија да се вратам затоа што се чувствуваат виновни и ја поправија тетоважата. Сега пишува „Енергија на ангелот““, рекла таа.