петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Избегната посериозна несреќа: Авион удри во ѕид, за малку ќе завршеше во морето

Избегната посериозна несреќа: Авион удри во ѕид, за малку ќе завршеше во морето

Товарен авион на една кенијска авиокомпанија денес удри во бетонска бариера на аеродромот во сомалиската престолнина Могадишу, а засега нема информации за евентуални жртви или повредени.

Сомалиските цивилни воздухопловни власти потврдија дека на аеродромот кај главниот град дошло до несреќа во која бил вклучен еден товарен авион.

На фотографиите може да се види смачканата пилотска кабина на авионот кој очигледно излетал од пистата и удрил во бетонската бариера. Доколку не удрел во ѕидот, авионот ќе завршел во морето.