Жена пред десетина дена изнајмила луксузен автомобил Ламборџини во Швајцарија на два дена. Ги покажала сите потребни документи и го добила возилото.
Откако цел ден се возела по Швајцарија, ја преминала границата. Сопственикот на рент-а-кар куќата вели дека сигналот од ГПС уредот исчезнал во Австрија.
Неодамна пак, возилото било забележано во Словенија.
Сопственикот нуди награда од 25.000 евра за сеоја информација поврзана со украденото Ламборџини, пишува Badener Tagblatt.