сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Како Кина ги засрамува граѓаните кои не плаќаат данок? (ФОТО)

Како Кина ги засрамува граѓаните кои не плаќаат данок? (ФОТО)

Кинески град во провинцијата Xi’an одлучил јавно да ги посрамоти жители кои не плаќаат сметки. Едноставно на огласни плочи биле изложени нивни слики.

-На големи екрани кои се наоѓаат на најпрометните улици се нашле слики, имиња и други лични податоци од должниците. Изјавата на судот била дека на тој начин ќе пробале да допрат до луѓето за финансиските обврски за кои претходно биле известени, пренесува Дејли Меил.

Нивните лица ќе се прикажуваат 5 денови и судот напомена дека и други должници ќе се објават наскоро. Жанг Лунан, водител на случајот со оваа проблематика, изјави дека ќе се превземат и други мерки како што е притвор, финансиски казни и ограничување на патувањето.