среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Капут на Елвис Присли продаден за речиси 150.000 евра

Капут на Елвис Присли продаден за речиси 150.000 евра

На аукција во Велика Британија е продаден капут којшто му припаѓал на рокенрол-легендата Елвис Присли. Достигната цена за облеката е 128.000 британски фунти (148.000 евра).

Палтото од кожа и крзно од визон, коешто Елвис го носел последните години од животот, е продадено на наддавање во аукциската куќа „Хенри Олдриџ“ (Henry Aldridge) во Вилтшир во јужна Англија. Купувачот е колекционер од САД, објави „Би-би-си“.

Аукционерот Хенри Олдриџ претходно изјави дека, според него, палтото ќе достигне цена од околу 17.000 евра.